Колку и да гозанесуваа овие сведоштва на исламската култура, тој си имаше своја цел, како учен цариградски кадија, да дојде до вистинските книги - кадиските дефтери, односно до сиџилите, кои останале на овие простори.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Камилски овде ја доживеа својата голема љубов, ги читаше вистинските книги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сонував дека овде ќе се вратам, да ги побарам вистинските книги, книгите кои му се потребни на Балканот...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кога конечно ќе ја прочиташе според него вистинската книга, а таа беше секогаш последната, според распоредот на рафтовите во библиотеката и редот на читањето што само за него имаше некакво посебно значење, тој ќе си ја ставеше старата излитена вратоврска и црната паларија донесени уште од Цариград и излегуваше во старата чаршија да се види со своите најблиски верни пријатели со кои играше балкански покер.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски трагаше како балкански Дон Кихот по вистинските книги со кои требаше да се одбрани Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
До крајот на животот, во балканскиот неред и хаос, во војните, омразата, веруваше дека до обнова на светот ќе дојде само преку вистинските книги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Дали оддалеку се чита дека немам кому да му виткам сармички од лозов лист и да му спремам подварок, па девојчињата дообучени од Агенцијата за вработување за тоа „Како да го погодиш вистинскиот муштерија за вистинската книга“, го положиле испитот со висока оцена и мене ме издвоиле од толпата?
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Вистинската книга можеби започнува пред да биде напишана.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Вистинските книги во балканскиот семеен егзил се сметаа како столбови на нашата куќа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)