вистински (прид.) - карта (имн.)

Еднаш тоа беше ефтин полициски доушник кој веднаш ја покажуваше вистинската карта, а другпат, ќе им се придружи некој натрапник, верувајќи дека ќе извлече некоја пара од наивните старци, макар што тие не играа за никаква парична добивка.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ја очекуваа вистинска карта, како дар на судбината, која требаше да им поврати нешто засекогаш изгубено, за да се смири, урамнотежи во нив во блискиот залез на нивните животи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ја очекуваа вистинската карта како реванш на судбината.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)