вистински (прид.) - историја (имн.)

Се внесов во глетката и во овој едноставен одвивачки образец на космичката еволуција кој претставуваше вистинска историја на човечкиот род.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Од татковите книги можеше да се состави вистинска историја за козите и козарите на Балканот, на Медитеранот и во Европа...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Низ едноставниот одвивачки образец на космичката еволуција, кој претставува вистинска историја на човечкиот род, а кој го сочинуваат: почнувајќи од геа- суперниорниот, атомите, Земјата како макроскопска материја, свесноста, преку менталното себство и универзалниот дух,па сѐ до квантниот вакум, можеме да се пронајдеме себе.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ќе сте трагале по сведоштва за вашите предци, пресудни за откривање на генезата на конверзиите, ќе сте ни ја откриеле новата, вистинската историја?!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)