вистински (прид.) - излез (имн.)

Гледајќи како чекори околу книгите и глобусот, и самата започна да верува дека вистинскиот излез го кријат книгите, како што неретко ја убедуваше Татко!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Беше јасно за Татко: побратимот имаше голема, скрита тајна во душата, која постојано се зголемуваше, а не можеше да го најде вистинскиот излез.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во некаква незавршена балканска алхемиска игра на случајот, се надоврзуваа неговите источни и западни идеи во потрага по вистинскиот излез на семејството, за на крајот да се препушти на верната интуиција.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Само тој сметаше дека Дон Кихот не успеал да го најде излезот кон светот затоа што не успеал да го открие вистинскиот распоред на книгите во својата библиотека кои водат кон вистинскиот излез.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На мигови, сакаше сите времиња да ги поврзево едно и да го открие вистинскиот излез.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Зар Татко не се најде во маѓепсаниот балкански круг, останувајќи без вистинскиот излез, препуштен на фатализмот?
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)