вистински (прид.) - идила (имн.)

Во Маврово беше како и што очекував: тивко, мирно, спокојно и зелено. Вистинска идила!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Вистинска идила, гледана однадвор, е бракот на двајца кои веќе и златна протераа, па таа го носеше истиот бел фустан од она време и на вечерата што децата и внуците им ја приредија во „Воденица“ или „Коленица“, што мене ми асоцира на кланица затоа што тоа ми е повеќе еквивалент на нејзиниот живот, во кој повеќе гипс никој не ставил на себе од неа, а сѐ било закукулено и завиено во магла, а тој бил секогаш изземен од каква било врска со вина за сите нејзини случајни падови по скали во куќа која има само приземје.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во нашата куќа секоја соба има свое име, во зависност од нејзините карактеристики.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)