вистински (прид.) - збор (имн.)

Но Чанга имаше стреловит ум. Вистинските зборови сами му се лепеа за душата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Додека ги бараше вистинските зборови, се разгласи сета маса на плоштадот и повеќе ништо не се слушаше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кукавица, тоа е вистинскиот збор за мене; во право била една пријателка кога го кажала тоа, иако и самата таа има огромни очи на був.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Не наоѓајќи ги вистинските зборови со кои можеше да го утеши во врска со Судот, што тој ѝ не го очекуваше, таа му рече: - Нема, белки, мил мој, да н остави Господ на пол пат, кога ни одреди да заминеме, да се оддалечиме толку многу од своите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ги бараше вистинските зборови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не можеше да ги најде ни вистинските зборови, за да ги пренесе своите чувства.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во неговата внатрешна тишина, долго време зрееја неговите идеи, вистинските зборови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не можев да ги изустам вистинските зборови, во овие неочекувани мигови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој требаше да го задушува гласот на срцето и да се совладува за да не избрза устата да го каже зборот, вистинскиот збор, што му кипеше во градите...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Јазикот попусто бара вистински збор што ќе го оживи дамна мртвиот благослов.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
О колку тешко доаѓам до вистинскиот збор. Со какви маки го пронаоѓам.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Не, не ме измачуваат проблемите со кои е пренатрупан мојот случај, повеќе ме загрижуваат настаните што ќе уследат. Мислам на Даскалов, на Боге од Бањи!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А од друга страна чуствувам потреба со некого сепак да разменам неколку вистински зборови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Помислата на нив всушност ме поттикнува да побарам од иследникот некои разјаснувања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Следното можно читање ми дојде на ум кога се сетив што рече нашата секретарка кога првпат виде една тераписка средба од зад огледалото: „Глупости, тие ништо друго не прават освен што зборуваат!“
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како мудар остроумен набљудувач, таа ги погоди вистинските зборови на вистинско место.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој воздивна уште еднаш и замолче.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Нема подобро објаснување од она што го имал тогаш, нема нова вистина која во меѓувреме ја сфатил, нема поука, нема насока, нема големо просветлување во душата што може да го сподели со оние на кои цел ден им пишуваше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но ти, еве, ми ги кажа вистинските зборови: Престани да проповедаш!“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но сега сфати дека тоа било само заблуда – тој само мислел дека во себе ги има вистинските зборови, но всушност немал ништо.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
ХРИСТОВ: (Прави обиди да го најде вистинскиот збор со кој да почне.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И иако никако не му поаѓаше од рака да го одбере вистинскиот збор, што му беше најпотребен во мигот за да го отпочне нападот, кога проговори му се стори дека ја стрефи право целта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Моето будење го пречекаа четири ококорени очи. Лицемерно насмевнати.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ќе ме врати на кораб со едра исткаени од светлота на муграта, за која поетите наоѓале низ векови вистински зборови, а еден од нив ја нарекол и колепка на денот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Колку загубено време можеше да се надомести во откривањето на вистинските зборови кои можеби и го содржеа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски не знаеше како да ѝ се заблагодари за одличната тава имам бајалди, не можеше да најде вистински зборови, сакаше во мигот да ѝ бакне рака на Мајка по втор пат дента, но виде дека тоа не оди, па мигум се откажа и ѝ рече воодушевено: Одлична Ви беше тавата имам бајалди.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Поетскиот хуманизам (а тоа е чинам вистинскиот збор за она што ја покренува и усвитува прозата на Чинго) во името на кого авторот толку дискретно и толку ненаметливо прозборува за човечките судбини на својата избраздена пасквелска земја е само еден од видовите на растреперениот и честопати трауматизиран сензибилитет на модерниот човек пред сето она што таа иста современост во својот незапирен победнички настап го донесува како перспектива и ослободување но и како страв од нови опасности и беспаќа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тешко ми идеа вистинските зборови кои таа ги заслужуваше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но за него вистинскиот збор без одбраната на оружјето ја губеше својата првична смисла.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бев трогнат од вниманието.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не ми идеа вистинските зборови, не беа во мене вистински хармонизирани чувството и спокојот за да се доближам до совршенството на мајчиниот јазик-тишина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше вистинско мајсторство да се владее како Татко со тишината особено во барабанските, заглушувачки времиња, кога на меандрите на тишината се наоѓаше вистинскиот збор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше позната изреката за Кадуми според која служењето со зборот му е посилно отколку со оружјето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не можев да ги најдам вистинските зборови на мојот одговор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Тоа што ти се случува овде е засекогаш“, беше рекол О'Брајан. Тоа беше вистинскиот збор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Пријател“ можеби и не беше вистинскиот збор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во извесна смисла тоа беше подлабоко од пријателство, тие беа интимни: некаде постоеше место на кое можеа да се сретнат и да разговараат, иако вистинските зборови можеби никогаш нема да бидат изговорени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Желатинозен беше вистинскиот збор. Му се наметна спонтано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Плачам за вас ближни мои Барајќи го вистинскиот збор Низ сиви прашливи несоници.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Ги сонувам сите Сцили и Харибди И како сачма се насочувам кон светилникот Пребарувајќи го вистинскиот збор На отворено море, На отворена празнина Што возвраќа на секое прашање Со страв и малку убавина.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Најчесто за да се искаже суштината на животот недостигаат вистинските зборови. Нема доволно зборови.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тешко ми идеа вистинските зборови.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Да ги бара вистинските зборови, со кои утре ќе му се спротивстави на Сретена Јаворски, на Јагулче Дримски и на сите прогонувачи на јагулите од Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Веќе не знам ни кој беше рекол дека само вистинските зборови се лепат за хартијата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бев малку заскитан. Или, ајде да го употребиме вистинскиот збор, се чувствував загубен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со Катерина бевме втасани негде кон крајот на пораката Високиот глас на младите, всушност веќе навлегувавме во оној дел од написот во кој се спомнуваа и резултатите од зафатите на младите, и на нивните големи и високи цели со кои се ветуваа и големи преселби на сезоните, кога Катерина сосема неочекувано ги крена рацете од машината и ги пренесе на моето теме; постапуваше како да зема во рацете посакуван предмет но тоа го стори многу внимателно и со двете раце, како да се плаши дека ќе му ја повреди убавината и скапоценоста на предметот што го зема, ме сврти кон себеси и ми се загледа во очите: - Ете, тоа се вистинските зборови!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Колку тешко се наоѓаат вистински зборови кога си во дијалог со болката и со нејзините резони. – Станува збор за такви околности кога ни се чини дека секој може да згреши - реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И во еден момент, како што многупати пред тоа се случувало, тој мртов Раде се поткренува, грубо се нафрла врз мене и сите недоразбирања помеѓу нас завршуваат (барем за мене) со грда љубовна сцена; сфати, дури ни сега не го употребувам вистинскиот збор силување.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Господи, ние жените, ние жените! (Но наеднаш сфати дека ѝ недостасува вистинскиот збор што нуди објаснување).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се уште преживуваме, уште ништо не е дефинитивно и конечно, се уште се будиме и упорно ги бараме вистинските зборови, но и понатаму не знаеме што да кажеме, намамe претстава што е тоа што не ни дава да заспиеме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тој добро знаеше дека покрај научените јазици на Балканот, како штитови со кои и мајка со нивното знаење го одбрануваа семејството во времиња на војни и дека најтежок да се совлада беше јазикот на тишината, кој има своја посложена синтакса од јазиците на зборовите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Мајка ми и при најтешките судири со животот, при губењето на своите синови, не исрушташе солза, не покажувајќи ја својата душа, сместувајќи ја во повисоки сфери.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Татко ми како вистински балкански алхемичар од посебен ков, се срушташе длабоко во ноќта за да ги најде вистинските зборови обвиткани во рувото на тишината со кои требаше да им се противстави на зборовите, небаре излезени од барабани, во тие тешки времиња.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И. К.: Не знам дали духовна е вистинскиот збор за да се опише она што го работам.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Стравовите ги променија местата, но не исчезнаа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Додека ручаа сепак ѝ потшепна на Пелагија дека е многу зачудена колку добро се разбираат Пеличка и Мурџо, и додаде со тага во гласот Кутрото, сигурно многу му е тешко што не може вистински збор да изусти!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И да сакам да ти раскажувам, нема да ми успее да ги најдам вистинските зборови.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)