Но татковите книги, нивното занесено читање, со траги пепел, ми го покажуваа патот на истрајувањето кој минуваше крај победите и поразите на другите, покрај илузиите и амбициите да се впише својот живот во историјата на минливоста.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Уништувањето, исчезнувањето на татковата библиотека, можеби во крајна линија ќе значеше вистинско замолчување на една од можните варијанти на историјата... Потрагата продолжуваше...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)