вистински (прид.) - живот (имн.)

— Как Крсте, бре слепче? Откаде докаде десеттодишно дете го запопиле? — се чуди Јован, не знаејќи дека ова е пиеска, а не вистински живот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Невозможно беше оваа работа да заврши успешно; такви нешта не се случуваа во вистинскиот живот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пејзажот во кој гледаше се појавуваше толку често во неговите соништа што никогаш не беше сосем сигурен дали го видел некогаш во вистинскиот живот или не.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И едните и другите ќе се најдат во жртвуваните колони, најчесто одвоени од вистинскиот живот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Исто како и текстовите во однос на вистинскиот живот, приказните коишто ги живеат индивидуите се полни со празнини и недоследности кои постојано се натрупуваат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но, и покрај фактот дека овие приказни внесуваат одредена детерминираност во животот, тие ретко успешно излегуваат на крај со сите непредвидени околности кои искрснуваат во “животот како таков”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тогаш ќе знаеш што е животот. Тогаш ќе знаеш дека си го живеел животот. Вистинскиот живот. Сѐ друго е лага.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но, во вистинскиот живот, успесите не секогаш го дочекуваа реалното крунисување.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
И самиот на тој начин пишува една песна и целината ја нарекува "огледало" коешто ни го покажува "блаженството и вистинскиот живот".
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Со ранец и со извалкани патики (единствено како и сега, и тогаш долго чекавме за виза пред конзулатот на јужниот сосед, што потоа се надоместуваше со едномесечни уживанции по грчките острови).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ми паѓа на памет и примерот со Ана Каренина, за чија судбина велат дека од вашата страна споменатиот Толстој нашол инспирација во вистинскиот живот на ќерката на Пушкин.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Мислам дека само во куќите има вистински живот. Никаде на друго место.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Во моето излагање без дозвола се вмешува непознат човек со службен тон на говорот, кој седи наспроти мене, во скапа, кожена фотеља, со видливо одважен став, божем јас несмасно одговарам т.е раскажувам вистинска случка од мојот вистински живот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Мислам на оној наш постојан сопатник, кој, во мојов случај, за жал не беше од вистинскиот живот туку од оној што може да се замисли и вообрази.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За да биде уште поголемо недоразбирањето, за личноста од моите желби не знаев ништо, но верував, или поточно бев сигурен, дека еднаш сепак ќе го сретнам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Hominis tota vita nihil aliud quam ad mortem iter est. Вистинскиот живот е вон овој живот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но само додека не се сретнат, на пример, со политика, движење или литература заснована на идентитет – литература, напишана од геј-автори, која, всушност, ги претставува геј-луѓето во вистинскиот живот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во вистинскиот живот, Џоан Крафорд посвоила пет деца, од кои најстарото било девојче по име Кристина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Црпнав со лажичето и во тој момент помислив дека можеби е тоа од оние јадења што само вештерките умеат да ги подготват и со нив ги претвораат децата во камења, ама веднаш се сетив дека вештерки во вистинскиот живот не постојат и ми падна жал за старичката на која рацете ѝ се тресеа од старост.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Од вечерва, знаеш ли ти, почнува мојот вистински живот, мојата нова година, верувај ми!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Разликата меѓу трите набележани етапи можеме полесно да ја развиеме врз основа на особеноста на поединечните заплети, што јунаците ги фрлаат во низа од настани: во „39 скалила” јунакот е без вина осуден за убиство, нему жртвите пред смрт му ја пренесуваат сокриената достава, а исто така, оставена му е таинственоста; јунакот станува носител на прераскажаното знаење; во „Саботер” се трага по банално поттикнуваната вина, јунакот едноставно е неправедно обвинет за саботерскиот пожар во фабриката за авиони; во „Север-Северозапад” како што веќе видовме, станува збор за замена на идентитетот, јунакот од страна на злосторниците е идентификуван како личност која во вистинскиот живот не постои.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Таквите луѓе не учествуваат во вистинскиот живот, тој тече покрај нив, со други зборови живеат живот здодевен и празен.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Мислител кој нема разбирање за баналниот антагонизам меѓу “лудиот” и “разумниот” (Крлежа), бидејќи за него токму разумот е оној којшто е доволно луд расцепот да го држи отворен, “да гледа во лицето на негативното и останува на него”, и бидејќи за Хегел вистинскиот живот на духот е можен само во една “апсолутна расцепеност” (Zerrissenheit).
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
-Не реков дека не живееш убаво. Ти живуркаш, не го чувствуваш вистински животот – рече старецот. – Многумина од луѓето така го минуваат животот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тогаш татко ми му рече дека тој, а не Чанга, пропуштил цел еден живот, вистински живот, поради читањето книги.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А тој во себе комунизмот, како и сите други идеологии, ги прифаќаше како фасади на вистинскиот живот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во приказните, мирниот човек со умерени гестови, со светло сини очи и длабок глас, е оној кој секогаш излегува како најопасен на крајот, но во вистинскиот живот, а и во оваа приказна, случајот не е баш таков.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој имаше и некои други алишта и украси, како што беа кафеавите, гускини панталони пикнати во енормно големите чизми, црвените шамичиња и револверите, како и една пушка, сместена преку седлото заедно со кожниот колан со милиони куршуми на него.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Стравуваше, еден ден, тој да не споулави од толку читање и заборавање на вистинскиот живот, да не му се случи како на едно друго дете од соседството кое, заминато во младоста во туѓина, во Романија и во Австрија, се врати со многу книги, а заврши зборувајќи си, со денови, самиот со себе чекорејќи брзо крај Езерото и служејќи им за потсмев на суријата деца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Их, тоа ќе биде вистински живот!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Од ветената земја и од семејната гробница, од вистинскиот живот исто колку и од смртта.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)