вистински (прид.) - жена (имн.)

Помислата дека таа може да биде вистинската жена на неговиот живот, кај него предизвикува неспознаена радост: поради остварувањето на неговиот најголем сон, продолжување на поколението.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Уште во четвртокот намеси погачи, искуба три четири кокошки, наполни кутии со маст, сирење и одвај дочека да пеат првите петли за да ја напушти омразената Брлева куќурка и да стане вистинска жена на саканиот и славен арамбаша Толе-паша.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ѓулсиме престана да ја очекува неговата помош во домашните работи, и, како вистинска жена на ќаја, го избра поразумниот и утапкан пат, и почна да ги вика селските жени да ѝ работат низ куќи, да ѝ аргатуваат во бавчите, и да ѝ го чуваат детето.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)