вистински (прид.) - домаќинка (имн.)

Вистинските домаќинки ваквите чевли ги носат в раце додека да ја изодат угорницата и калдрмата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Гледам, како вистинска домаќинка си ја гледала градината. Целата е росна како да е пролет.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не, таа сакаше да го пречека дома, како вистинска домаќинка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И не само да везе и брои, ами Доста запна да направи вистинска домаќинка од ќерка си.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)