вистински (прид.) - време (имн.)

На крајот, откако ја вкуси подносливата каша за утредента, Мајка отиде на спиење, со мислата дека сепак не е дојдено вистинското време за да го употреби златникот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Таа имаше сокриено еден златник, вистински голем златник, којшто ѝ го дал дедо ми, пред заминувањето, познавајќи ја добро алхемиската душа на својот син. ѝ беше рекол да го употреби во вистинското време, кога децата ќе бидат најгладни.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Славните ги потенцираме со тоа што им градиме споменици, или како што би рекол Лец: „... часовници кои и откако ќе ги снема ќе го означуваат вистинското време“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Самата ќе ја откриеш вистината кога ќе дојдат деновите за тоа, вистинското време.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во неговиот глас се чувствуваше сарказам помешан со истата онаа горчина што ја почувствува уште во автобусот - Не знаев дека сте зафатени... - намерно не ја доврши реченицата - Веројатно не го избрав вистинското време за посета.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Летото беше вистинско време за тоа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Оттогаш таа велела дека започнува вистинското време на нејзиното верување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„А јас сум тука ставен да те пречекам и в зори, кога ќе дојде вистинското време, да те поведам таму кај што треба да одиш, оти никој никогаш не е подготвен осамен да лута низ пустите простори на својата вечност“, му рече старецот со утешителна насмевка.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Македонецот сега ја исправи брадата и со некаква смиреност во очите и на усните ја извади волнената капа од главата и погледна кон масата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ама ништо не нè спречуваше да си го правиме тоа што сме го наумиле, а, во крајна линија, сето било во вистинското време, во моментот што бил тамам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Да им се позлати српот, - си прошепна старецот, па ги сврте очите кон ледината над својата колиба, каде што некогаш во неговото вистинско време, пред повеќе од дваесетина години, се брануваа златни жита.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога е вистинското време, ќе ни покаже џебот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Затоа, ќе чека да дојде вистинското време. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Само сега дошло вистинското време за да го сфатам нивното вистинско значење.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Одлучи цврсто кон што се пробиваш Напати потклекнуваш и на најмали провокации И ако во вистинско време не лобираш
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Така е во животот. Никогаш да го погодите вистинското време.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Постоеше можеби основна противречност: тивкото и тажно пеење на Дарвиш не се совпаѓаше со гласното и оптимистичко верување на Арафат во враќањето и најдените зборови на слободата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И Арафат сакаше да остане и вистински ќе остане во историјата, како мит, како икона, како татко- основач на палестинската нација отколку како моќен лидер кој со својот навидум политички донкихотизам сакаше да го обедини светот за да ја разбере неговата борба за слободна Палестина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Махмуд Дарвиш со тивките пораки, со длабоките метафизички засеци во душата на страдањето на палестинскиот човек сметаше дека не беше дојдено времето, вистинското време за враќање во Палестина според диктатотна договорите од Осло.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И така дојде вистинското време кога требаше да ја ослободувам од себе долго потискуваната сторија од дипломатските години кога бев прв странски амбасадор во имагинарната држава Палестина, во која реално ги предадов акредитивните писма, минувајќи пред тоа пред построен воен баталјон, во една тајна пештера, во еден непознат предел во Тунис!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И ако ги видиш прерано, или предоцна, како да си убил нешто во себе, нешто што дотогаш во тебе живеело, или нешто што допрва во тебе требало да се роди.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ако ги видиш порано, или ако ги видиш подоцна од вистинското време, тоа е полошо отколку да не си ги видел; затоа што, и да не ги видиш, тие живеат свој живот во тебе, со помош на твоите замислувања, или пак допрва ќе ги мечтаеш, и ќе им дадеш живот во себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А, ако даде Господ овде да се вратиш, ќе стигнеш во некое друго време, ќе видиш ти побегнало вистинското време, нашето, твоето време...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)