вистински (прид.) - враќање (имн.)

Се чинеше дека таа нѐ чувствуваше нас, преостанатите чеда, подалеку од својата орбита, како одлетани птици кои го загубиле кодот на вистинското враќање во Мајкиното гнездо на очекувањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ми се нудеше можноста да го потврдам или оспорам, не без мал ризик, татковото искуство дека од егзил не постои вистинското враќање.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ќе заминат да живеат во селото Даир ал Асад. Станува бегалец и во родната земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тогаш го доживувам вистинското враќање, заедничкото враќање на семејството, во расцутената Мајкина душа, во тие бујни јоргованови цветови, задржани пред самото нивно ширење, пред заминувањето кон небескиот свод.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Речиси целиот живот ќе му мине во потрага по патот кој води во родната земја, остварувајќи го вистинското враќање само во јазикот!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)