За време на овој марш, и покрај фактот што офанзивата се изведувала во зимски услови, без доволна опрема и скудна облека, Бригадата постигнала големи успеси, ангажирајќи големи непријателски сили со кои водела повеќе денови вистинска војна во центарот на Македонија, меѓу Прилеп и Велес.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Затоа патријархалниот маж-војник постојано мора да бара и произведува (нпр. со медиски воени кампањи, но и со вистинска војна) некое „единство”, ВО КОЕШТО ТОЈ САМИОТ СТОИ НА ВРВОТ, како политичко или „морално” водство, како војник или беседник.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Му се чинеше и дека нема фронт, барем не онаков каков што тој си замислуваше дека треба да има (оти единствен репер му беа книгите на Ремарк), па дури и вестите за загинатите ги примаше со некоја голема скепса, како дел од фиктивното сценарио кое требаше да го сфатат сериозно за да можат соодветно да глумат во него.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Во сета таа ситуација имаше нешто лажно, некој привид, некоја шарада и му се чинеше дека сето тоа е само игра, само уште еден СВОЗ, а никако вистинска војна.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Таа мала престрелка за само еден месец прерасна во вистинска војна кога во март во Тетово за време на организирањето на митингот од три невладини организиции под мотото “Стоп за државниот тероризам против Албанците”, започна воениот судир меѓу албанските екстремисти од една страна и полицијата и АРМ од друга страна.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
При крајот на месецот по наредба на Врховниот командант на безбедносните сили Борис Трајковски започна операцијата за чистење на албанските екстремисти.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Се откриваа „саботери“, се водеше вистинска војна против градителите. Продолжуваше агонијата на жртвувањето...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Италијанците како да играа во голема фарса, малку беа подготвени за вистинска војна.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Почна вистинска војна помеѓу Грците и Италијанците.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)