вистински (прид.) - банда (имн.)

Е, тоа се вика вистинска банда, - се помислив воодушевено, погледнувајќи, не без презир, во моите момчиња кои одеднаш ми се видоа многу нежни, неприлично облечени во фармерки и патики, убаво исчешлани и премногу чисти.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Ако се случи такво нешто - си ветив - ќе станам најлошиот разбојник и ќе имам вистинска банда што краде и убива, како оние од филмовите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Луѓе, па ова е вистинска банда!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)