висок (прид.) - ѕид (имн.)

Во кратките летни ноќи, лежејќи на рогозина врз калдрмата во дворот (дома не спиевме лете зашто не јадеа болвите) и загледана во безбројните ѕвезди што мижуркаа на небото кое од едната страна беше заградено со куќата, од другата со тремот за овците и до него фурната, па натаму од високиот ѕид што нѐ делеше од комшиите и од долната страна со високата порта и авлијата, си мислев: ете, уште малку и како што ми вети тате, ќе одам во Костур да учам за шивачка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Раскошна архитектура, мермерни шедрвани, бавчи и цвеќиња и двор опашан со висок ѕид, босфорски води, огромни мермерни столбови. 14.500 кгр. злато, кристал, хареми, тешки персиски килими, мермерни бањи, уметнички слики, фрески, полилеи, едно баснословно богатство - тоа е „Долма Бахче“...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Високите ѕидови околу бавчата го задржуваат надвор ветерот што постојано дува од езерото. Ништо не се помрднува.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дека местото каменливо, нивјето како кутии беа преградени со високи ѕидови, а исто така и патот од двете страни беше ограден. Нигде немаше ни жива душа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Така некако, немам можност да видам што се наоѓа зад високиот ѕид. Целата слобода ми е патот од училиштето до дома.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Двајцата, стиснати еден во друг, како сенки се мушнаа меѓу двете бакалници на аголот на Корејска улица и чикмакот што завршуваше со висок ѕид од бетонски тули, и брзо се вратија назад, разделувајќи се со обострано тапкање по рамената.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Безгранична слобода“, изговори гласно и во мигот му застана нешто во главата како јазол на конец што треба да се провре низ иглени уши и погледот пак го врати на сликата раздробена меѓу зарѓаните квадрати: Човек седнат на клупата во паркот, лево од него и зад него високи ѕидови опшиени на врвот со бодликава жица, пред него долг пат со камени коцки до главната капија на затворот, од десната страна затворската зграда од која зад решетките го гледаат две очи сини, како синото небо над него.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Трчаа со пушките в раце по селски пат што минуваше меѓу високи ѕидови густо обраснати со скреби нафатени по дрвјата крај меѓуселскиот пат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се стаписа на местото, се подисправи начулувајќи ги ушите како куче и прво помисли на страната на којашто можеше да очекува опасност па помина со погледот по мракот над високите ѕидови густо обраснати со капини и скреби каде што ништо не можеше да види.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Инаку Илд’з ќошк (дворецот во кој живеел султанот) претставувал одделно гратче, опкружено со високи ѕидови.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со високи ѕидови и убава дрвена орнаментирана порта низ која се влегуваше во дворот, пред големата сино обоена куќа во едноставен француски стил на три спрата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Некако изненадно и наеднаш им се исправи висок ѕид од трски.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Имаше натопено многу високи ѕидови, имаше соѕидано многу зданија со својот малтер, во многу градови по главните улици стоеја градбите во кои тој имаше соѕидано многу свои денови, заедно со тешките копанки, а од сето тоа имал само едно уште пониско рамо и само толку заработка, за едвај да може да дочека додека не се започнеше некоја нова градба во тој, или во некој друг град, сеедно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сличен е неговиот настап како и утринава, си личат зборовите еден на друг како и плодовите, да ги спомниме на пример црешите, а притоа доктор Пачев не заборава да ја изрази и дилемата во вид на отворено прашање: Како може да се исчезне при волку високи ѕидови и затворена порта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А на овој што чека лесно му беше да му ја испука полната пушка и да го турни надолу од високиот ѕид.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Прв сокак - црквиче, камена печурка забуцана в земја, втор сокак - чадлива меана полна со матна светлост и нејасни ликови, трет сокак - дрво, опашан со висок ѕид од плитар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тула по тула, тула врз тула така се ѕида високиот ѕид.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сè друго зад тебе се затвори во високи ѕидови пред дури и да се обиде мислата да потрча иако непознати гласови ја прогонуваа веќе.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)