Дури и кога помага, дрогата има своја висока цена.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тој очигледно смета дека кривичните дела сторени од страна на наркоманите главно или во потполност се предизвикани од потребата да купуваат дрога по високи цени на црниот пазар.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Како и многу други поборници на легализацијата, Бендоу се обидува да го преувеличи придонесот на криминализацијата во разорните последици на наркоманијата, како што се криминалот и „вовлекувањето“ на младите во недозволена трговија со дрога, така што го набљудува како незвисен фактор.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Наминав до една продавничка која, како и типовите кои отпрвин бараат запалки а потоа си ги мијат рацете, знаеше да направи да се чувствуваш најаден, за прилично висока цена поради недостиг на конкуренција во зачмаената ноќна смена.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Но, јас навистина имам „идентитет”, којшто има висока цена во нашата култура.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
„Не направил сè така и толку како што самиот се искажува во спомените“, рече Владе и додаде: „И тоа што го сторил, го сторил по висока цена.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Да знаев дека таквите нешта многу лесно поминуваат, всушност, имаат висока цена кај режисерите, актерите, директорите на театрите, кај некои театарски едукатори, доктори на наука, составувачи на антологии многу одамна ќе замолчев како драматург, како човек што пишува, всушност, ќе сфатев дека кај нас во македонската драматургија и театар, навистина има недостижни нешта.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
И држи висока цена, исто како и рацете, што гушкаат и милуваат само ноќе во мракот и ништо за возврат не бараат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Блиски, во секој случај, не беа. Како и да е, Лена плати висока цена.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Југословенското оружје беше на висока цена, рентабилен експортен артикл.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
5 Постапката пред првостепениот (основен) суд мора да се заврши во рок од шест месеци од денот на поднесувањето на тужбата, додека второстепениот (апелационен) суд е должен да донесе одлука по жалба поднесена против првостепената одлука во рок од 30 дена од денот на приемот на жалбата, односно во рок од два месеца – доколку пред второстепениот суд се одржала расправа (чл. 405). 3) во доменот на т.н. квалификувано „договорно застапување“ пред суд, дадена е можност работникот да не мора да биде застапуван од страна на адвокат, што е значителна олеснителна околност, знаејќи ги високите цени согласно фамозната Адвокатска тарифа.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
На плоштадот се случува промена: чистачите на улици ги растеруваат полицајците тепајќи ги со метли; просјаците им се нафрлаат на чистачите во одбрана на полицајците; * Запис пронајден во џеб од блуза со незабележлив натпис уличните продавачи го користат неочекуваниот дожд од метални парички и по многу висока цена им продаваат чадори на оние што сакаат да си ги заштитат главите.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)