„ Ќе а гледам, ќе а гледам и ќе а гледам, дури да ми се наситат очите!" — заклучи тој и заспа за да сонува: како се качува на една висока топола, на која имаше страчкино седело; во седелото мали страчила и таман кога требаше да ги ловне, сите излетаа, само едно го додржа за опашка, а страчките, и двете, му се пуштија, сакаа да му ги исколваат очите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Како никогаш досега, замислено чекореше крај реката, под сенките на високите тополи.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Врз моето тело зеленее трева и високи тополи шумат.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Има високи тополи и патека долж брегот сè до утоката.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Не ќе го гледа школото во кое ги поминал првите одделенија, а пред кое сега шлапкаат брановите и, не ќе ги гледа редот високи тополи покрај потокот што се урива од планината. А брата си и на животе не повте да го види.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Го паметам по трите високи тополи што растеа крај рекичката над чиј брег беше големата црква Свети Димитрија и до неа – карпата од чии дамари течеше бистра вода.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Само уште неколку пожолтени лисја трепереа на врвот од високата топола.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Да порастеш висока топола!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Улицата беше мирна, пуста. Таа ја мина и се најде на кејот, пред бедемот на реката, под сенката на високите тополи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но најубаво и највпечатливо се гледаа високите тополи.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)