висок (прид.) - место (имн.)

Затоа што самата положба на таквото нивно општествено постоење е неприродна, бидејќи од нивните високи места општеството по природа на денешната историска ствар очекува поттик кон една историски рационална преобразба, којашто тие ниту можат ниту знаат да ја понудат, тие придвижуваат измислена војна за да ја прикријат неприродноста на своето општествено постоење на местата што не им припаѓаат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Како што Климент Камилски не можеше да има среќна иднина во тогашната југословенска Македонија, да го добие своето високо место во хиерархијата на повоената власт во Народна Република Македонија, со оглед на својот деклариран просоветизам, тој дури и невин одлежа строг затвор, така и Татко со својата османскотурска диплома по правни науки и албанското емигрантско минато, кој можеше да смета на висока позиција во хиерархијата на власта на нова Турција, не можеше да смета на позиција во новото југословенско комунистичко општество.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во тоа високо место Маказар, каде што сѐ што се садеше се садеше подоцна, и сѐ што стигаше за берба, стигаше доцна, сега врзуваше корен, или штотуку беше врзало.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Ако ми го кажете името на Вашиот висок наредбодател, можеби ќе го препознаам”.  Есесовецот го погледна со изненадување.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Јас немам намера да отстапувам од наредбите. Тие се издадени од високо место.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Свите луѓе денеска све со кривината си работеет, све со неа се качиле на високи места, све со неа се обогатиле, и друзи такви - им рекол попот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Не - му одговорил правољубецот, - јас не вервам на еднего само; ќе опитаме и друзи!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ќе ти нашепнев и кој ја поттурна одзади, и тоа со двете раце, кога требаше да земе залет за да ги стори спомнатите неколку скокови до високото место каде што се најде!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Потоа луѓето се нафрлија да купуваат алатки за работа: искупија плугови, гребла, копачи, мотики, сорови, клинци, шари и зафатија да ги поправаат куќите и плевните, да ги ораат нивјето, да сеат, да садат, да ги режат овошките; го тераа добитокот да пасе по планините и високите места каде што тревата беше чиста.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)