Над свиокот од тесната козја патека – висока карпа. Од неа се распостелува широка глетка на околните ридови и трапишта.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Висока карпа им го заградува патот. Се вратија на истото место.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Веслата длабоко ја зафатија водата, г’жвите скрцаа, чунот се заниша леко, се навали малку на едната страна и тргна побргу накај високата карпа со која газеше ридот во езерото, а зад која беше живописната рибарска населба - Канео...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Острите високи карпи издадени кон небото чиниш го допираат, а низ нив е сончевиот зрак, наутро, за прв пат, прецизно паѓа точно во полето.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Некои се тргаа, а некои се криеја зад камењата и ѕиркаа, а децата се качуваа по дрвјата и по високите карпи да гледаат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
- Да одиме! - стана Бојан. Им претстоеше борба со висока карпа пред нив.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Пред нив беше висока карпа, последна пречка до врвот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Денот беше прекрасен, јунски, наставата во училиштето пред два дена беше завршена, водата на езерото Матка блескаше на сонцето и во неа се огледуваа високите карпи.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Плачам,и таа плаче... избегав на една висока карпа, сакав да летнам во вечноста...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Не мина многу време, а пред нив се покажа голема и висока карпа.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Тоа е како да живееш на висока карпа и да бидеш среќен, таму горе.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)