Барбут- бег воздивна зад мене.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Првин во паркот. Убаво место. Високи дрвја, чисти патеки и многу ружи.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Потоа ќе се испули окол-наокол во собата, Којзнае дали познава некој од нас, ама не гледа небаре качен на високо дрво.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
На пример уште кога се разбра дека народот треба да се готви за востание, тој стави над својата воденица едно високо дрво и на него сноп слама.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Сончевите зраци се пробиваа низ високите дрвја правејќи светли завеси од утринските испарувања на влажната земја, ширејќи мирис на печурки и папрат; разнобојните лисја на дрвјата се преливаа на светлината добивајќи прекрасна патина, претсмртна боја; клукајдрвците удираа по дрвјата и огласуваа немир; немир владееше и во кучињата: напињаа на ремениците со кои ги водеа манастирските слуги, душкаа по земјата и бараа да се ослободат, да оптрчуваат; повремено ќе заквичеа но слугите ги смируваа жулкајќи ги по главите, или удирајќи ги по муцките.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Пребрзо за да може да се поверува дека тоа навистина се случува, лисјата на високите дрвја ја сменија бојата. Пожолтеа и се ронеа.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Тоа требаше да биде надоместок за заоѓањето на сонцето што не го забележаа на прошетката, кое од високите дрвја покрај брегот, а кое од тоа што беа внесени во разговорот што го водеа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но, новото ние, Југословените, со право го бараме и во својот павилјон, кој е сместен ан скришно место, на една височина, меѓу високи дрвја, во парк.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)