византиски (прид.) - земја (имн.)

Во текот на два века српските кралеви присоединуваа кон српската држава византиски земји.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Титулата на цар Душан се објаснува вака: тој признава на Балканскиот Полуостров две словенски држави: Бугарија и Србија и една несловенска – Византија; Србија со завојувањето на византиски земји сака да ја наследи Византија, но со тоа зема земји што можат да бидат и српски и бугарски и коишто не се бугарски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога се ослободи Бугарија и се усили државата на Немањиќевците, во која влезе поранешниот дел од Македонија, т.е. денешна Србија, – таа, т.е. Македонија во денешната нејзина големина уште остануваше византиска земја, каде што продолжуваа да се креваат востанија против Византија, за коишто се бараше сојуз и покровителство од соседните држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)