Умре вечната и тивка убавина што се гледаше од високиот чардак. Вплетена во него се исуши лозата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Но доцна е. Кловнот оди кон своето вечно и темно гнездо, бавно како некогаш што одел преку растргнатата жица.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Во илјада осумстотини триесет и петтата, во доба кога јавачите на апокалипсата биле вечни и достојни на обврските и кога толпа тврдоглави Кукулинци терале спрегнати двоколки преку планини и беспатици да донесат од крај свет камења за ред воденици, Јаков Иконописецот го запалил богољубивиот Круме Арсов но најдивите од дружината го зграпчиле пироманот и го обесиле.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)