Се помоливме за вечен покој и одново се прибравме дома кај поп Стерјо.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ако ме нема меѓу живите додека го читаш ова писмо, прости ми зашто и на оној свет твојата прошка ќе ми биде потребна, за вечен покој на мојата грешна душа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во блаженом успением вечниј покој подажд, господи, усопшују рабу твоеј Велика и сотвори еј вечнују памјат...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Запознај ја вистинската природа божја Обој ја срцевината на твојата рожба Во колорит што ќе ти донесе спокој Во зрак светлина за вечен покој 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)