Одекнаа во библиотеката звуците на финалето од симфонијата на Бетовен, која авторот ја сметаше како свој музички тестамент за вечен мир, позната како Ода на радоста.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Не ми е тешко да се исклучам и да избегам и да подишам чист воздух, подалеку од целата оваа хаотична, разулавена, дива, неморална реалност без прави вредности.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Еден живот ни е доволен за страдање и сѐ што сакаме потоа е тишина и вечен мир.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Сакаше да ја пренесе до митските корени на Езерото, до подводното царство кај што владееше вечен мир и хармонија, сина добрина и божилачна убавина.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)