весел (прид.) - насмевка (имн.)

Ме погледна кратко, со весела насмевка, како да рече: - будалче, што си се стресол, од оваа лајава тетка си се исплашил, охо!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Правилниот, малку орлов нос, брадата и устата му ја дополнуваа убавината, а здравите заби и веселата насмевка го правеа примамлив за секоја негова врсничка во селото и надвор од него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој ден, кога инженерот ја кажа оваа вест, со истата онаа весела насмевка што секогаш го следеше, од високото кај резервоарот можеше да се види како Надежда јаде големи црвени цреши од полната скутина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нема емигрант што не го памети својот прв Божиќ во Новиот Свет: блескави излози со шарени украси со убави предмети со згодни продавачки со мајки и деца со големи ќеси со весели насмевки со дедомразовци што демнат на секој чекор...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Срдечно се поздрави со Александар и ѝ упати весела насмевка на својата ќерка.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Само за вас, драги гледачи - и вашата весела насмевка, и вашиот купен билет, и вашиот мерак по возбуда, и вашите гладни сетила, и вашата домашна колекција, и вашата потреба за туѓа акција, и вечното дете во вас!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)