весел (прид.) - кикот (имн.)

Седобрадиот сликар во улога на заштитник на убавината на бунтовниците: ни херпес на устата, ни крв од носот на болниот човек со баретката на Че Гевара.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Кога тогаш убавината ќе се најде за нешто друго, на пример, за весел кикот со личната мома која се ниша на нишалка.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Смеа, рапава и придушена смеа. Тоа не е смеа на циркуска публика, весел кикот на прснати стакла. Тоа е потсмев.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)