верски (прид.) - стадо (имн.)

Гетото има практична локација: поставено близу до железничката станица, ги брои сѐ помасовните транспорти со мажи, старци, деца, девојки, трудни жени, млади брачни парови земени неодамна во една, во тие околности неочекувана и чудна епидемија на свадби што се случуваат и по сто на ден, но и на болни, исцрпени, предсмртни и млади, здрави, полни со живот, очајни луѓе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Никого, чувствува, повеќе не може да задоволи и да го фасцинира: ниту Германците, ниту своето верско стадо кое сѐ уште не ја изгуби верата во Бога, но наполно ја изгуби верата во својот главен рабин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)