И овде семејствата од две различни религии живееле во меѓусебна почит и толерантност, заеднички ги славеле сите верски празници, го почитувале светилиштето на другиот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но, сепак, во крајна линија, на Балканот не е дојдено до сличен процес на синкретичната арапско-шпанска синтеза.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Мајка дури ќе нѐ облечеше во новите алишта кои најчесто ги облекувавме во деновите на државните и верските празници.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
3 Дојде 2 Август, ден Илинден, а градот преполн со туристи од сите краеви на Македонија. Голем национален и верски празник.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Некако ми е посебно мило кога најважните настани во животот ги поврзувам за некој верски празник.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
06 март Денес е прочка, верски празник, луѓето си простуваат…
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Локалниот Пајо Чутура често добива камионска тура Атлантик–Пацифик, што значи проаѓање на 15,500 km како и возење цел месец, вклучувајќи суботи, недели како и државни и верски празници.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
О, сестро Чано, добро ни дојдовте! Ние со мајка Перса и Пеличка тркнавме до црквата Света Богородица, забрането е да се слават верски празници, ама во слободно време човек може да запали свеќа во некоја црква!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Кога големите војни и стратегиите на нивните творци не ги беа скарале судбински, не им ја наложиле братоубиствената војна, како во други делови на Балканот, не ги победиле, немаше причини и во ова време на козите да не бидат уште поблиску помеѓу себе, да се почитуваат, да си сочувствуваат заедно при умирачките, да се радуваат на новите животи, да се мешаат меѓу себе, да ги слават заедно свршувачките и сите верски празници, да веруваат сите во времето на козите, во најубавото време на земјата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ја опседнуваа кристалните и магнетни
крици на Марс и Венера, не
штуриот укор на заедничкиот живот
- државните, семејните и верски празници.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)