Ќе ти бидам верен слуга доживотно!... Ме слушаш ли... Ох, ох....
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Комитетот кажуваше дека нема чети, нема противдејство на реформите од негова страна, а пак Турците кажуваа дека има чети, населението дека има оружје и се готви за востание, војската има постојани судири со четите, четите ги убиваат мирните жители што не ги слушаат и му се верни слуги на падишахот.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Секоја генерација има лажни пророци но и верни слуги, но сите сме свдеоци на реалните настани и нема повеќе криенки со камуфлирани вистини, времето на послужавник ни ги сервира мрачните приказни за гладот, сиромаштијата, за уништувањето на тоа што сами го создадовме, за масакрот од војните, за братоубиството, за смрта, за осакатените војници, за натажените вдовици и мајки, за децата кои останале без родители кои боси, валкани во парталава облека питаат по улиците, транваите и железничките станици и спијат под мостовите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Кој е тој роден од жена што се спротивил на мојата волја? – и стана од престолот на нозе. – Читај да видиме што пишува тој наш верен слуга?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Така нему и не му остана ништо друго освен да му биде само верен слуга на арамијата.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)