Тој болничар гледаше пред своите нозе и се насмевнуваше, се бореше да не биде откриен како човек што се движи и чини нешто без сопствена и длабока увереност. „Тој се смета за нов Исус и говори дека некој старец се разбудил со козји рогови на челото.“ „Докторе“, се насмевна Отец Симеон. „Можеме ли да разговараме без овие двајца величествени претставници на науката?
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)