вековен (прид.) - сон (имн.)

Макар што вековните соништа, глобалните критички утопии, никогаш не се остварија, споменот на нив се чини е сочуван во самосвесниот партикуларизам на малите нарации.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На ова место анализите ни се вкрстуваат и влеваат во заедничко уверување: ние зборуваме на крајот, во последната етапа на лажно вдахновение на критичката свест, чии последни импулси можат да се спасат само под услов фрагментарно да се развластат, прецизно да се локализираат и формално да се дисциплинираат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Рузвелт, а во нив се истакнуваше придонесот на македонската војска во борбата против нацифашизмот и вековниот сон на македонскиот народ за формирање обединета, независна и самостојна македонска држава.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Далечните делови со крик го вратија татнежот и беа во тоа повторување лути и подмолни; нивните камени грла фрлаат вековните соништа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Вистина е“, започна тој, тешко преметкувајќи ги зборовите низ устата, полупијан, барајќи ги оние вистинските, политички неутрални, за да со нив да ги затскрие сите пцости што му се роеја во главата, „вистина е дека вековниот сон на Македонците беше да имаат сопствена држава – Македонија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Информацијата за одржувањето на заседанието Британците ја добиле на 15 август 1944 година, а првиот пишан документ бил добиен на 18 август 1944 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)