ведар (прид.) - небо (имн.)

Но Толе и другарите убаво си повечераа оваа вечер под покрив, за разлика од другите вечери, кога вечераа под ведро небо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стои неподвижен и чиниш чека гром од ведро небо да се огласи и да го удри.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Усните му беа бузлести, влажни, како џигер посинети и со некоја растегливост поради која час оставаше впечаток на човек со шарм, на ведро небо на кое сепак се појавуваа секавици што оддаваа опасно зол човек.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И токму кога сакаше Филозофот плочката врз првиот збор да ја залепи, да ја допре, па и тоа последно, а прво во текстот зборче, јас што се вика, верно да помине во умножението, ровја од ведро небо удри во врвот на планината и силен блесок видот ни го помрачи на сите; и потем земјата ужасно се затресе, и се тресеше долго; ужасен облак од прав се крена и сосема се замрачи небото, и сонцето на него се зацрни како точка црна, како јагленче, како црн пајак вознемирен кому некој мрежата се обидува да му ја раскине, да му ја помести, да му ја ороби, да му ја украде.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ина и Светлана им покажале што знаат од партерната гимнастика; еден стар човек, сегашниот нивни аѓутант, некогашен славен трапезист во циркусот, а тогашен чистач и продавач на сладоледи, се заинтересирал за нив и ги зел кај себе во приколката; ги хранел од неговата порција, а спиеле во неговиот кревет; тој спиел под ведро небо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Доаѓаат како грмотевици од ведро небо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ветрот се повлекуваше пред мене. Пред да ја затворам зад себе вратата на својата куќа, погледнав кон студеното ведро небо и се зачудив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но се задржа кај старците цел ден и ноќта преноќева тука во дворот под ведро небо и точно разбра дека водата во тврдината е доведена со ќумци од Беренското Чешмиче, кое е надвор од тврдината 400-500 метри, та уште утре ќе им ја запре и ќе ги принуди да се предадат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Со себе ја носиме топлата сончевина и синилото на небото, зеленилото на шумите и одзвукот на ѕвонливиот ветер, мирисот на пчелинокот и чембрицата, опојниот вкус на зрелите шумски јаготки и желбата што тука, под ведро небо и под сенката на бадемите не успеав да отспијам и да отсонам дел од детските спомени и најскришните копнежи и таги.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Го надушиле ѓаволите и кога еден ден, додека си молчеше затаен во сламата, некој како гром од ведро небо туку му свика: - Јатак!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Паѓам само во некоја празнина. Ко ѕвезда што паѓа од ведро небо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И кога грмна од ведро небо, луѓето подзапреа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во време вршење, грмна од ведро небо... Вршиме кој со што нашол: некои ги чукаат снопчињата, некои пак спрегнале крава со магаре.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
После фронтот се оддалечи. Топовите пак ги слушаме ама многу од подалеку. Како подгрмнување на ведро небо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)