За разлика од газдата на арабаџиите, макар останати без некогашното богатство, тројцата стари играчи остануваа со непроменлив ведар дух, трпеливост, толерантност и здржаност пред значајните одлуки.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
— Бре, бре, бре! Ете ова се велит како во сон! — проговори стариот мудур и почна да мисли од кого ќе ги собере земените лирички.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ах, анасени — ах аврадини! — испсуваа сите, а Јован со својот хумор и ведар дух им го поврати настроението.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Иако на мајка и тоа ѝ беше понекогаш напорно, сепак ја исполнуваше ведриот дух на ќерка ѝ.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)