ведар (прид.) - глас (имн.)

Кога ќе се случеше, на крајот од месецот, секој од нас да си го даде својот дел, таа ќе речеше, со својот ведар глас: – Јас, чеда мои, парите ги давам за вас.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Уште кога го слушна ведриот глас на лекарот, се успокои...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Татко чашките ги наполни до врв и откако погледна кон очите на Мајка, а потоа и кон Камилски, со ведар глас рече: Ова е голем ден за нашите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Професорката продолжи со ведар глас: – Почитувани родители, ние во нашиот клас го има­ме и најдобриот ученик.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка, охрабрена од смирувањето на Татко, стана, го засили гласот на радиото во форма на паун, од кое се ширеше тивка музика, па продолжи со нежен, ведар глас: – Се сеќаваш ли, мили, се навестуваше крајот на зимата на 1939 година, беше чинам крајот на февруари, пролетта се насетуваше во воздухот кога дојде дома, еден ден, со писмо од градоначалството, испратено за нас, од Тирана, упатено на мое име? – Се сеќавам, како да не се сеќавам. Писмото беше адресирано од Рим.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко продолжи со истиот ведар глас: - Ако даде Бог утре да ги откријам сиџилите, кои сигурно се кријат во Битола, јас сигурно ќе го напуштам Судот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)