ваш (прид.) - голем (прид.)

Џандарот Џипуновиќ, оној што ја солетуваше тетка ти Сијка пред да ја улови тетин ти, лично ми рече еднаш: А што си замислува оној ваш Голем Тодор. Игра се Бога, јели?“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ви пишував, ви ја допишував, почитувана моја Елен Лејбовиц, книгата Атеистички музеј, зашто во вас открив не само голем и незаменлив читател, туку и нешто многу блиско во вашата голема моќ да ме разберете, да ми се придружите во меандрите на страдањето во едно минато што оставило траги во душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)