Исто така мисиите “не смееле да го знаат движењето, распоредот и оперативните планови на нашите единици“.286 На 5 октомври ГШ на НОВ и ПО на Македонија ги известува штабовите на своите единици “сите сојузнички групи и поединици кои немаат дозвола за влегување во земјата да се задржат кај вашиот штаб и веднаш да не известите како се викаат, од каде се пристигнале и со каква задача“.287 Видое Смилевски применувајќи ја оваа директива им забранил на членовите на мисијата Conserve да имаат контакт со “селаните и бара дозвола за наше влегување во земјата. Таква јас немам“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)