ваш (прид.) - соба (имн.)

Изабел којашто не престануваше да зборува како да се сепна за миг гледајќи ме така изгубена и ми рече: - Ајде да ви ја покажам вашата соба па после се друго.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Но после тоа никој не боравеше во неа, Можете да си го оставите куферот во вашата соба.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- Христина, ти сакаше сликата на мајка ти да биде во вашата соба, нели?
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Лавиринтот и понатаму мора да го одржуваме беспрекорно чист. * Запис пронајден во метла ЧЕТИРИ ДАМИ* Седите сами во вашата соба и ве напаѓа огромна желба за играње карти.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)