ваш (прид.) - порака (имн.)

Ви пишував, уште во првото писмо, дека вашите пораки ме поттикнуваат, ме храбрат во потрагата по тајните на моето албанско и балканско семејство во универзалната историја на човекот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Значи, познавањето на “публиката” е неопходно за успешна деловна комуникација.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Па да видиме сега каква е вашата судбина, госпоѓо Ж. (внимателно кршејќи го колачето ја вади пораката и чита: “Колку што е во мене судбата е тол ку и во тебе” И вашата порака е хаику, пријателке- или барем има седумнаесет слогови во форма 5-7-5.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Наместо да прочита 25 000 во Безансон, веројатно расеан поштенски службеник, сонувајќи ја печената мисирка за Бадник, прочитал 15 000, и ете како вашата порака била појдена во насока на градот Оријак во Оверња (на пликот е тамошниот поштенски печат), во департманот Кантал каде што се произведува кравјото сирење познато по истото име: кантал!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Најпосле, радо го чекам преводот на Балканскиот клуч од страна на Патрик Крисман, предвиден за предавање во месец мај, за да може да се програмира печатењето на ова дело во првиот семестер на 2001 г.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тоа не значи дека вашата порака мора да биде здодевна.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Пре­скокнете го тој детаљ и а) ќе ги промашите потполно, или б) ќе се вратите на поче­ток бидејќи нема да имате доволно материјал за донесување на одлуката.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој тогаш ми пишуваше: Мој драг пријателе, бев прерлавен со работа овие последни месеци, како што не престанувам да бидам и сега, така што не можев да ви одговорам како што сакав на вашите пораки.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)