ваш (прид.) - помош (имн.)

- Ало? Што е со вас? Ало? Каде сте? Зошто не се јавувате? Ве молам, јавете ми се... Ми треба вашата помош.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Знам дека е пребрзо, господине Живковиќ, инаку не би ја барал вашата помош. Да. (Пауза. Влегува Сивиќ.) Да. Одлично.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
На мајките секој ден треба да им се подаруваат убави зборови, топли насмевки, секој ден треба да им ја подарувате вашата помош во домашните работи; секој ден треба да ги радувате со вашето убаво однесување, со доброто учење, со вашата чиста облека, со доброто здравје, со вашата добрина и ведрина.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Имам чудни претчувства. И мислам дека ќе ми биде потребна вашата помош.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Но јас и сега се надевам на вашата помош и успех во она што треба да се стори.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)