Вистина, класјето пак се занишаа но го кријат ланскиот траг и нѐ чекаат ведри да замирисаат вашите насмевки пак.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Каков презир во вашите насмевки за покорните погледи на победените и какво спокојство во погледот на соколот што на раката ви седеше.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Другите можат слободно да се откажат од натамошните обиди и читањето на оваа приказна веќе нема да се однесува на нив.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
1. Драги Аристин, Вие можеби имате раце и глас од коишто треперат женските уши, мустаќи кои ја разубавуваат вашата насмевка и насмевка која ги разубавува вашите мустаќи, но тоа нема да Ви помогне да станете јунак на оваа приказна.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)