ваш (прид.) - милост (имн.)

Ви го кажувам ова затоа што сакаме да се ставиме на ваша милост и немилост.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вашата милост тогаш ги искла селските кози и и ги затна грчмаците на сиромаштијата со пресолена пастрма.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Почекај ме... Ќе донесам вино. Најпосле јас и не сакав да војувам со тебе. А ако сум те видел ваша милост, веќе нема. Друг сум јас сега.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И ако речеш уште еднаш ваша милост, само уште еднаш, ќе те здробам и здробен и гол ќе те однесам на грб кај жените на кои ноќе си им шепотел против државата.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И не радувај се, ваша милост, што си ме ставил в дупка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Соблекувај се и пак речи ми ваша милост. Сакам гол да те прошетам по селово.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во војната превзував раненици, ваша милост, во конаците на манстирот Свети Никита.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Како беше во апсот, ваша милост?“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Мртов не ќе кренеш рака на мене, будалиште, ваша милост!“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Ако вашата милост останеше во Кулулино, ќе имавме и власт и домаќин.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
МАРА: Во која туѓина беше ваша милост?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МИТРЕ: Како ви беше на ваша милост името?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МАРА: Од кое место е ваша милост?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Му се пулам ко дете. - А кога можам да ги видам, му велам, кога можам со ваша милост да ги видам?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Значи, ти можеби, и месо ќе посакаш?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Сѐ што вашата милост ќе даде, од сѐ ќе бидам задоволна.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)