Во него живеете додека живеете
потем воскреснувате:
сите мориња се ваши
ваше е бегството, очајната надеж
дека секогаш има поубав свет
- оној што го немате, изгубениот
и времето дури е ваше
кругот е перфидно совршен
освен ако не се најде човек
да ви постави
ѕверска спрепка!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)