ваш (прид.) - збор (имн.)

Чекајте, не пукајте да се разбереме, — почна да вика пак кајмакамот од зад кале.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Шаќир се тргна од прозорецот со продупчен ракав над лактот од еден куршум и почна да вика и псуе: — Таков е значи вашиот збор кучиња низедни, со измама сакате да нѐ отепате? — и место предавање почна и тој да стрела.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
О, знам Тој коњ Каде тој ме носи. одмазда Тажно сонува вашиот нож, Мачно одѕвонува вашиот збор, Скриен во моево срце За да ви одмаздам Јас ова ви го пишувам Сосема Мртов. поет По небеса Мраз што гори Жар што лета Штом ќе слета Ќе про цве та.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Има еден убав предел, о, усаменици, во кој цел век скришум си ја бакнувате земјата а ништо не ѝ велите вашиот збор како наметка од ѕвезди врз вашиот крст.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Бесмислено е да се изедначуваат. Но, одговори малиот човек, со тесни усни, зошто тогаш јас кој во сонот присуствував на вашите гадости како (по ваши зборови) измислена, нереална личност, сега се појавувам во реална личност, сега се појавувам во она што го нарекувате вистинска реалност и сведочам против вас.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Оној другион го губи тактот, несовладливо му упаѓа во мислите на Арсо, кој сега смело ги урива неговите доводи: „Ви е судено да умрете не од вашите зборови, туку од нашите бомби“! Страшно е да се гледа тоа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
ЈАКОВ: Во секој ваш збор, во секое ваше движење, како во кристална топка, се гледа сето ваше минато, сегашност и иднина.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Но јас го почитувам секој ваш збор кој патува кон Балканот како дел од молитвата на вашата добрина... Ваш Луан Старова
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Моето пишување за Балканот на мајчиниот јазик, потоа на јазикот на моето образование, македонскиот, во времето кога се загрозуваше соживотот на народите на овие јазици, кога преовладуваше сеништето на делбите и територијалните разграничувања на населенијата, судбината на моето пишување, моето служење во дипломатијата како прв амбасадор на Република Македонија, беа клучни прашања со кои се соочував во мојот живот во потрагата по вистината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И на крајот нели ме прашавте дали се сложувам со тоа што го тврдевте, и тоа таму, пред легнатиот на снегот Ролан Јаковлевич, а јас, дурак, климнав со главата, саглашајус, реков, иако знаев дека грешам!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Иако тоа мое саглашајус ме измачуваше не само со денови, туку и со години“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ти си пред мене чист, а и јас пред тебе исто така! Зар не се тоа ваши зборови, Иван Степанович?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
ЛУКОВ: (Надмоќно и иронично.) Господин Христов, треба ли овие ваши зборови да ги разберам - како откажување?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)