Зад сека грмушка се крие идеалот за збогатување набрзина, зад сека грмушка на оние кои се стискаат да не се измочат в гаќи силници им ги превртуваат џеповите и кога нема да најдат ни петпаре од бес ги плескаат по газовите, ги влечат за уши, им бркаат во очите.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Вчера ја закопавме мајка ми и ги откопавме заедничките спомени: вареното млеко без кајмак и со многу шеќер, врелиот сутлијаш посолен со цимет, букетите црвени булки на првомајските излети, облогите на детското чело и гради кои го цицаа огнот, па предупредувањата дека во секоја вода има аждер пред да тргнеме на риба на реката или на капење во градскиот базен, нежните галежи кога од некого ќе добиевме завратница за спомен и долго сеќавање...
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Јован ја понесе со себе, за последен пат, миризбата на пресно варено млеко, која испаруваше од нејзините пори, кога се гушнаа... ја остави со осум деца, иако тоа не е машки, по патот одјава кон планините... ***
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тогаш од пепелта на самотијата се зададе Давид, на мнозина им се стори малку подгрбавен и омлитавен, киниса средполе, однапред отпишан и прежален од сите, да му се истопори еден на еден на титанот, мечка страв мене не страв, нешто си мрмореше самиот на себе додека ја токмеше прачката, срдито си велеше доста тука се пееше прачка имам кураж немам, време е да има варено млеко за нашите деца, време е на пазарите да има и цреши без црви и со црешови семки да се запише дека тука нешто вистински постоело.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)