валкан (прид.) - алишта (имн.)

Се облече со валканите алишта, ја зеде валканата чанта и за првпат се засрами што тргна по улиците и кон училиштето така нечист.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Акакиј Акакиевич мислеше, мислеше и реши дека ќе мора да ги намали вообичаените трошоци, најмалку во тек на една година; да се откаже од чајот за вечера, навечер да не пали свеќа, а ако е потребно нешто да се сработи, да појде во собата на газдарицата и таму да работи покрај нејзината свеќа; додека оди по улиците, да гази што е можно полесно по камењата и плочите, речиси напрсти, за да не се излитат пребрзо ѓоновите; што е можно поретко да ѝ ги дава на перачката валканите алишта, а за да не му се валкаат, секојпат кога ќе дојде дома да ги соблекува и да останува само во полупамучната облека, мошне дамнешна и поштедена дури и од самото време.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ливајн ја зеде својата торба за валкани алишта и ги фрли во неа работничкиот комбинезон, шушкавецот и чорапите.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Сонцето се издигна високо на небото, носејќи топлина што ги натера луѓето да ги соблечат валканите алишта и да ги симнат измастените шапки.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)