ваков (прид.) - појава (имн.)

Или, да се обидам и да разјаснам: сакам да речам дека имам забележано разлики помеѓу она што само ќе се замисли и она што ќе се изрече.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Докторот Татули вели дека многу луѓе имаат ваква појава, на некои им се случува и дење, будни а да чекорат занесено, замислено, прават движења и работи кои не им доаѓа од свеста, туку така механички: гледаат, и не виѓаат, слушаат, а не сфаќаат, отсутни се - сѐ дур некој не им свика или не ги сниша за рака и не ги оттргне од таа занесеност...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Дури не сум ни сигурен ваквата појава колку може да се смета за нормална.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И колку може да се земе за здраво кога на некој од нас ќе му се посака да им го слушне понекогаш и гласот на своите размислувања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, ниту тогаш, а ниту ние денес, ваквата појава не ја регистрираме како потреба да се успее на секоја сцена, туку, како недостаток на интуиција, талент и идеја на оние кои се задолжени за градење на репертоарот на театрите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)