ваков (прид.) - објаснување (имн.)

Корисна направа за пијани шахисти коментираше Господ Саздов но ваквите објаснувања не ги наплатуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Инаку тој им припаѓаше на оној ред поарчени првоборци што сепак ја беше сочувал припадноста кон власта и ги уредуваше утринските вести на радиото, а неговиот работен ден завршуваше таму негде кон 10 или 11 часот претпладне.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За што и кому требаше да му послужи ваквото објаснување на неговиот другар секретарот Јаким ако М. Ѓурев не престојуваше спомнатиот понеделник во таа проклета канцеларија на Јаким и ако не ја видеше белезицата на раката на Ботка и ако не беше поведен разговор за таа скапоценост?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)