ваков (прид.) - нешто (имн.)

„Се плашам дека вакво нешто може многу силно да влијае врз Даниел“, рече Бил со својот длабокозвучен глас.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Наша задача е на германскиот дух во нас да му дозволиме да стане толку моќен што ваквите нешта веќе никогаш да не можат да се насоберат...
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Се разбира дека поради ваквите нешта бев многу загрижена иако се трудев да останам рамнодушна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На моменти жалев што моите родители не се потрудиле да ми обезбедат барем вакво нешто.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Запре за момент со прикажувањето но и понатаму ме гледаше насмеана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иако ваквите нешта родителите не им ги кажуваат на децата, бидејќи си љубопитен ќе ти кажам: тој туѓинец наеднаш како да ми се закачи, за окото ли за срцето ли, ни самата не знам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)