Сфатив дека ми останува само да се согласам со него дека е потребно да се создадат такви околности што ќе оневозможуваат секоја помисла за постапки што водат кон несреќи и слични окончувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ако беше исто, вели, требаше и таму да има вакви несреќи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- На ваква несреќа не треба да се плаче, вели Уља, туку да се игра и да се пее околу гробовите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Залагањето на одговорните служби сметам дека ќе придонесе во разумен рок ваквите несреќи дури и сосема да ги снема.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)