При запоседнатоста на умот со вакви идеи зар да водам сметка за тоа кога и со што сум се поткрепувал ова утро и дали сум појадувал?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Бидејќи и во животот има повеќе патишта до иста работа, најпознатите стручњаци за огласување развиле неколку интересни постапки за доаѓање до ваква идеја.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
До ваква идеја сигурно не дошол ниеден друг механичар во целата држава Онтарио.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Како што гледате, господине министер-претседателе, – продолжува Спространов – ваквите идеи што веќе нашироко се прифаќаат од македонското население, не се ни малку за потценување за да не им се посвети високо внимание.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
„Major selling idea“ (главната продажна идеја) така стана клучниот камен при конципирањето на мозаикот на огласната стратегија.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Предлогот мора да биде јасен, таков каков што конкуренцијата не нуди или не може да понуди, и мора да биде силен (доволно атрактивен и важен за потрошувачот).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
За ваквата идеја особено се залагал скопскиот владика Теодосие.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Меѓутоа, заедничката желба за владеење со македонскиот народ и земја ги сплотила интересите на грчката Патријаршија и бугарската Егзархија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)